Лимузината на Тито е на продажба, така објави британскиот дилер на класични авотмобили Том Харлеј.Оваа лимузина Mercedes-Benz 600 Pullman Laundelet која има шест врати, ја користел Јосип Броз Тито во периодот од 1971-1980 година.Лимузината на Тито е опремена со 6.3-литарски V8 со моќност од 250 КС и четиристепен автоматски менувач. Возилото има изминато само 27.378 километри.
Во потпирачот на задното седиште се вградени електричен апарат за бричење, шишенца со колонска вода, парфем, а во задниот дел има мини бар, мини биро, потсетник, посебно радио.Според сајтот AutoTrader автомобилот на Тито чини 2.500.000 фунти.