Се пукало или не – 1000 македонци одат на одмор во Египет


Нова група туристи од Македонија на 10 јули заминува на одмор воегипетските одмаралишта и порај кравите настани во земјата. Како што пишува „Дневник“, патниците одат во летувалиштата на Црвеното Море, Хургада и Шарм ел Шеик.

egipetОд туристичките агенции преку кои одат аранжманите велат дека досега нема откажување на патувањата. Според нив, до крајот на сезоната, преку чартер-летови од Белград, во одморалиштата на Црвеното Море ќе престојуваат вкупно 6.200 туристи од регионот од кои 1.000 од Македонија.

Дневник пишува дека и покрај атмосферата во Египет која сѐ повеќе наликува на граѓанска војна, аранжмани уплатиле и цели семејства со деца.

Според туристичките работници, нивната безбедност не е загрозена бидејќи најатрактивните дестинации за одмор во Египет се оддалечени околу илјада километри од Kаиро, а чартерите слетуваат на аеродромите во летувалиштата.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1