Народно движење за Македонија ја споделува загриженоста со народот дека зачестените посети на земјата од актуелни и поранешни европски политичари под директна контрола на „ѕверот“, би можеле да го скршат и премислат претседателот Иванов да додели мандат за формирање влада заснована на сеалбанската платформа за рушење на Македонија и Македонците што е спротивно на Уставот и казниво според македонските закони.
„Поради овие причини, НДМ презема поактивна улога со поставување на шатори пред институциите кои ќе останат сѐ додека не дојде до отфрлање на сеалбанската платформа за редефинирање на Македонија и повлекување на предлогот Талат Џафери да биде собраниски претседател, имајќи предвид дека станува збор за човек кој, според УБК при МВР е вмешан во заседата кај Вејце каде ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја“, се вели во соопштението од НДМ.
Од партијата додаваат дека очекуваат од надлежните органи во најбрз можен рок да ги издадат соодветните дозволи и одобренија за поставувањето на шаторите.
НДМ, исто така го повторува јануарскиот став дека партијата и народот „ќе ги применат сите свои планирани активности и по секоја цена, било со ненасилни или со насилни средства, ќе спречат формирање влада на антимакедонски основи“.