Поради силното невреме со обилни врнежи што во изминативе неколку часа го зафати Скопје, екипи на Градот Скопје и јавните претпријатија излегоа на терен и ги расчистуваат последиците од невремето.
Екипите, соопшти Град Скопје, на терен детектирале повеќе паднати гранки и скршени дрвја кои се отстрануваат.