Се распаднал рингишпил – повредени 9 првачиња во Сокобања (Фото)


9 ученици од прво одделение од Основното училиште “Нада Поповиќ” од Крушевац се повредени денеска на излетничкото место “Бориќи” во Сокобања кога рингишпилот на кој се возеле се распаднал и скршил на половина.

ringispilПрва помош на повредените првачиња им е укажана во Здравствениот дом во Сокобања, а седум деца се згрижени на интерното одделение на Детската клиника во Ниш. Според неофицијалните информации на Блиц, едно дете има тешка повреда на главата и тоа е сместено на Неврохируршкото одделение на Детската клиника во Ниш.

Во Сокобања на екскурзија биле околу 90 ученици од училиштето во Крушевац и биле сместени во хотелот “Здрављак”. Според неофицијалните информации еден од наставниците на ова училиште дел од децата ги однел на излетничкото место “Бориќи” каде потоа се случила несреќата.

Полицискиот увид е во тек. Ова е фотографија од распаднатиот рингишпил.

ringispil 1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1