27 професори и асистенти од Европскиот универзитет си заминале од професорските места поради неисплатени плати, оваа информација е испратена до неколку медиуми од страна на професорите, а вакви статуси го преплавиле и фејсбук пишува Факултети.мк
Професорите тврделе дека веќе некое време има проблем со исплатата на платите, а последните две плати ги добивале на рака и не им биле исплаќани никакви придонеси.
Сопственикот на колегиум ги информирал дека сметките му се блокирани и дека не може да ги исплаќа до јуни, по што повеќето од професорите и асистентите одлучиле да си заминат.
Во текот на вчерашниот ден, на социјалната мрежа Фејсбук имаше објавено статуси и пораки со слична содржина. Ова е фотографија од едно од тие соопштенија
Факултети.мк