Се разбудија змиите во Македонија


Се разбудија змиите по течението на реката Брегалница во Делчево. Граѓаните не се изненадени од појавата на животинките, бидејќи како што велат, не е прва година да се појават на кејот, но апелираат надлежните да сторат сè што е во нивна моќ за да ги заштитат.

zmije-500x281Тоа се главно водни змии, но ги има и во грмушките. Мали се, најмногу еден ипол метар. Е сега, колку се опасни не можам да кажам. Ги забележуваат и рибарите, како бегаат, се враќаат во водата. Не дај боже, мали дечиња може да поминуваат тука и да се исплашат – објаснува Прачковски за „Плусинфо“.

– Видов најмалку три-четири змии. Една веќе ја утепавме. Минуваат деца, опасно е, нормално. Се може да се случи – изјави Алитов за телевизија „Стар“.

– Наезда е збор што не соодветствува на фактичката состојба. Тоа беше една змија што веќе е утепана. Е сега, од една змија да се прави приказна дека се многу змии, не е точна констатација. Не знам дали се случува ова секоја пролет. Змијата не е отровна. Луѓе што се разбираат ја погледнаа и рекоа дека не е отровна. На кејот на реката Брегалница на една косина има грмушки и дечкото кажал дека е една змија. Не велам дека во грмушките нема и други. По течението на двете реки можно е да има змии, не можеме ние да ги ловиме сите. Да станува збор за отровници, па да се вознемириме. Веднаш испративме екипа на терен и сè е проверено – објасни градоначалникот Шехтански.

Плус Инфо

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1