Манастирот „Христово воскресение“ е прв храм во Македонија посветен на Исус Христос, го изградил бизнисменот Мире Синадиноски од Прилеп на Велигден пред седум години, откако се заветил дека ако го преживеe инфарктот, ќе изгради црква, пишува Дневник
– На Велигден имав тежок инфаркт од кој, според докторите, ретко кој преживува. На третиот ден, се освестив, како што Исус Христос воскреснал и си ветив дека ако останам меѓу живите и ако бидам способен, ќе подигнам манастир што ќе му го посветам на Синот Божји, со чија помош и со големо залагање на докторите уште сум жив – вели Синадиноски.
Тој не правел есап колку вложил во комплексот, ама се проценува дека досега вложил не помалку од 150 илјади евра за манастирската црква, за конаците и за уредувањето на околината. Со Божја помош сега продолжува да го дотерува манастирот.
Пред црквата се наоѓа параклис посветен на Света Недела, а во кој, според верувањата, тече лековита вода, иљач за разни заболувања. Ја пиеле и се миеле и муслимани и православни.
Целата сторија прочитајте ја на – Дневник