Се разбудил вирусот поопасен од ебола!


Додека светот се обидува да се избори со еболата од која настрадале повеќе од 3.000 луѓе, на истокот на Африка се разбудил уште еден смртоносен вирус.

Марбург хеморагиска грозница, која во 1967-та година била идентификувана во Белград и во германските градови Марбург и Франкфурт, ја однела првата жртва.

Случајот на 30-годишниот лекар кој починал во болницата Менго во Уганда, ги кренал мерките на претпазливост во таа земја, но и во соседните земји.ebola-virus-03

Откако тестовите покажале дека вирусот марбург бил причина за неговата смрт, околу 150 лица биле ставени во карантин, а кај 11 од нив биле забележани симптоми кои укажуваат на вирусот со висок степен на смртност. Во Кенија и Судан под строга контрола се сите граѓани кои доаѓаат од Уганда.

Од 31 лице, колку што во 60-тите години биле заразени во три европски градови, седуммина починале. Изворот на заразата бил зелен мајмун од Африка, кој германските институти и институтот “Торлак” го довеле поради лабораториски истражувања. Од тогаш светот го погодиле уште неколку бранови епидемија, а лек се’ уште не е пронајден.

“Болеста предизвикана од вирусот марбург е сериозна и во голем број случаи доведува до смрт. Симптомите се треска, повраќање, дијареја и внатрешно крварење, како и кај еболата”, навел изворот од Светската здравствена организација.

На листата на десет најопасни вируси која ја составил весникот Deutsche Welle, марбург го заземал првото место, бидејќи смртноста ја минува границата од 90 проценти. Исто како и кај еболата, која се нашла веднаш зад него, тој се пренесува од животно на човек, а потоа се шири преку телесните течности.

Загрижен дека заразата би можела да излезе од контрола, претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, апелирал до граѓаните да го ограничат физичкиот контакт.

“Доколку не ви подадам рака кога ќе ве видам, немојте да мислите дека сум непристоен. Доколку сакаме да го контролираме марбург, мора да престанеме да се ракуваме”, изјавил тој.

Според зборовите на лекарот Рухакане Ругунде од Уганда, мала е веројатноста во случајот со марбург да се повтори епидемија од меѓународни размери, како што е во случајот со еболата.

“Уганда и порано се справувала со слични ситуации, кога станува збор за хеморагиската грозница. Имаме капацитети да се избориме со овој проблем, за кој ја известивме и Светската здравствена организација”, напишал Ругунде на Твитер.

Симптоми – Вирусот марбург предизвикува хеморагични заболувања и, како и во случајот со еболата, предизвикува крварење на слузокожата и органите. Смртноста кај заболените лица изнесува 90 проценти.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1