Се разнесе во ресторанот, од телото останаа само парчиња – Нови снимки од масакрот во Париз!


На 13. ноември, Париз го потресоа терористички напади во кои животот го загубија 130 луѓе. Нова снимка од тој судбоносен ден се појави во медиумите, а го покажува моментот кога бобаш-самоубиец се разнесува во ресторан полн со луѓе.pariz-brahim-abdeslam-620x350_1-52529
Брахим Абдеслам (31) бил фатен на безбедносните камери, ноќта кога главниот градна Франција трепереше.
На снимката се гледа како нервозно влегува во ресторанот, пред кој го паркира својот автомобил. Тргнува кон една маса, ја спушта главата и ја покрива со левата рака, а потоа ја активира бомбата.
После детонацијата во ресторанот има облак од дим во кој може да се примети неговото тело на парчиња. Тој почина на лице место, додека луѓето околу него беа повредени.
Оваа снимка премиерно е прикажана на француските телевизии во неделата вечерта, а гледачите се предупредени за вознемирувачката содржина.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1