1.700 литри боја и десет недели фарбање сето ова по повод обележувањето на 90-годишнината од поставување на знакот.
14 метри високите букви, со должина на знакот 110 метри сега ќе се префарба во бела боја .
Ова е прво реновирање во последните 35 години. Знакот е поставен во 1923 година, како реклама на групацијата за продажба на недвижности “Hollywoodland” подоцна во 1949 година “land” е отстрането.
Во 70-те под влијание на временските услови и изминатите години буквите од дрво, почнале да се распаѓаат, и биле потребни итни поправки.
Во 1978 година е покрената јавна кампања за поправка на чело со Алис Купер и основачот на “Playboy”, Хју Хефнер, кои соберале 249.300 долари и ги замениле дрвените букви со метални.