Уапсен новинарот кој ја објави листата на богати Грци


Грчкиот новинар Костас Ваксеванис е упасен од страна на грчката полиција само еден ден откако во списанието Хот Док го објави списокот на Грци со милионски сметки во швајцарските банки.

 

Уапсен е во неговиот дом, а за апсењето оставил порака и на својот Твитер прифил.

„Ќе дојдат во мојот дом секој момент. Ќе ме уапсат. Јавете”

Полицијата го потврдила апсењето. Листата која ја објави новинарот стана позната како „листата Лагард”, по директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, која им ја предала оваа листа на грчките власти во 2010 година, во својство на тогашна министерка за финансии на Франција.

Нема информации за што е уапсен новинарот и дали против него е покренато обвинение.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1