Се роди принцезата – Британија доби наследничка


Кралското бебе е родено, Кејт Мидлтон се породи, новиот наследник на Кралицата е девојче.

Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон се породи во лондонската болница „Сент Мери“. Британските медиуми јавуваат дека таа на свет донела девојче.kejt

Мајката и бебето, тешко 3,700 грама, се добро.

Кејт беше примена на приватното одделение за акушерство во болницата Сент Мери, каде во јули 2013 година е родено и нејзиното прво дете, принцот Џорџ.

Новото бебе ќе биде четврто по ред за британскиот престол, зад дедото Чарлс, таткото принцот Вилијам и братот, принцот Џорџ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1