Се родија држејќи се за раце, и по 6 месеци сè уште се неразделни (ВИДЕО)


Близчанките Џена и Џилијан Тистлтвајт се родија во мај оваа година, држајќи се за рака. Тие и денес, по шест месеци се држат за рака, бидејќи така се чувстуваат посигурно.бебиња-се-држат-за-рака-при-пораѓање

Девојчињата, кои се моно-моно близначки, добро напредуваат.

– Џилијан е пониска од сестра си, има мали точки над левото око – изјави таткото Бил.

Близначките се родени во 33. недела, а мајката Сара морала да мине два месеци во болница пред да ги роди. Бебињата ја делеле плацентата и таква бременост се случува еднаш во 10 илјади случаи. Оваа бременост била криела опасност да се вплетка папочната врвка и ризик едното бебе да прима помалку храна од другото.

За среќа, девојчињата се родени здрави. Со нив најмногу ужива нивниот брат Џексон, кој има 15 месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1