Се самоуби 12 годишно дете – оставил писмо до родителите


Вчера, 12-годишно дете од едно село во јужна Србија извршило самоубиство, пукајќи си во уста со пиштолот на својот татко. Покрај неговото безживотно тело е пронајдено и проштално писмо упатено до родителите, како и 15 евра.
Низ што точно проаѓало детето веројатно никогаш нема да биде јасно, но во прошталното писмо тоа напишало многу потресни зборови:

“Не можам повеќе да ги поднесам критиките поради лошите оценки. Сега повеќе нема да имате кого да критикувате…”, напишал 12-годишното момче. Како што дознава српскиот “Блиц”, во писмото навел и дека детето кое неговата мајка наскоро ќе го роди “ќе биде подобро од него”.

“Се надевам дека тој ќе ве усреќи и дека ќе биде подобар од мене. Немам што да ви оставам освен мојата заштеда од 15 евра”, напишал шестоодделенецот во писмото кое го потресе регионот.

Пиштолот го украл од својот татко
Според српските медиуми, детето си пукало во уста со пиштолот на својот татко. Оружјето било заклучено во фиока, но тој ја обил и успеал да го украде.

Неговата мајка која е трудна, за време на трагедијата била во соседството, додека таткото бил излезен по набавка на дрва. Телото на 12-годишното момче го пронашло семејството во домот, по што била повикана Итната помош која брзо пристигнала на местото, но само констатирала смрт. Семејството има уште едно дете, помало девојче, а соседите велат дека станува збор за добра фамилија и дека ништо никогаш не укажувало на можна трагедија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1