Мртов маж вчера попладнето бил пронајден зад ресторанот Имес, во близина на Кејот на Вардар во импровизиран објект.
Станува збор за 44 годишниот Мио М., кој според неофицијални информации на порталот Курир, е сопственик на ресторанот Етно буре кој се наоѓа во Лептокарија. Починатиот најверојатно извршил самоубиство, а на неговото тело е пронајдена рана од огнено оружје во пределот на градите.
Од МВР за Курир потврдуваат дека вчера попладнето е пронајдено починато машко лице. Оттаму истакнуваат дека телото на починатиот е предадено на криминалистичка обдукција, по што ќе бидат познати детали.