Се самоуби грчкиот бизнисмен Кирјакос Мамидакис


Грчкиот бизнисмен Киријакос Мамидакис чија нафтена компанија „Мамидоил-Џетоил“ поднесе барање за банкрот, изврши самоубиство во својот дом во предградието Дионис во Атина. Мамидакис си пукал во главата. Телото го пронашол неговиот зет попладнето,а пиштолот бил до него, јави Телма.autoktonise-kiriakos-mamidakis

84-годишниот Мамидакис кој беше извршен директор на „Мамидоил-Џетоил“ прогласи банкрот на неговата компанија на 9 јуни и поднесе официјално барање до судот, кој требаше да го разгледа на 1 ноември годинава. Компанијата се соочуваше со финансиски тешкотии во последните две години и беше принудена да оди на банкрот и на тој начин да ги исплати долговите од 314 милиони евра.

Мамидакис имаше спор со македонската рафинерија „Окта“ откако грчките газди на компанијата, „Хеленик петролеум“, го раскинаа договорот со Мамидакис да мораат да купуваат нафта само од неговата компанија, договор кој „Окта“ го потпиша со Мамидакис уште додека беше во државна сопственост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1