Арон Шварц, онлајн активист од САД, поборник за слободен интернет, програмер и коосновач на Reddit, извршил самоубиство. Имаше 26 години.
Трагедијата, според чичкото на покојниот Шварц, Мајкл Вулф, се случила во Бруклин. Информацијата ја потврдил и адвокатот на Шварц. AP повикувајќи се на медицински извори, објави дека Шварц бил најден обесен во неговиот апартман.
Кори Доктороу, пријател на Арон Шварц, во блог објавил дека 26-годишникот „со години имал проблеми со депресија“.
Шварц беше и коавтор на првата RSS спецификација, кога имаше само 14 години. Тој во 2010-та го основа и DemandProgress.org, сајт на кој е покрената кампања против цензура на интернет (против SOPA).
Арон Шварц е и меѓу обвинетите кои Федералниот суд од јули 2011-та го сомничеше за масовно симнување документи од онлајн дневникот JSTOR, со намера да ги дистрибуира.
Според случајот, Шварц наводно преку библиотеката на Институтот за технологија на Масачусетс успеал од научниот архив да украде преку 4 милиони академски дела, за што зад решетки можеше да заврши до 35 години и да плати казна од 1 милион долари. Шварц пред судот се изјасни за невин. Некои медиуми објавија и дека имал проблеми да обезбеди пари за судскиот процес.
Извор – Он.нет.мк