Во римскиот Колосеум пронајдени еротски фрески


Италијанските археолози во еден од ходниците на Колосеумот во Рим откриле фрески со прикази на еротски сцени.

koloseum-550x272Фреските биле пронајдени во еден од ходниците на Колосеумот кој моментално е затворен за посетители поради реставрацијата. Фреските покривале површина од неколку квадратни метри во шест метри долгиот ходник. Директорката на 2000 години стариот амфитеатар рекла дека пронашле траги од декорации во сина, црвена и зелена боја. Фрагментите ја прикажувале славата на гладијаторите, со ловорови венци, стрели, па дури и еротски сцени

Колосеумот, кој бил изграден за време на владеењето на царот Тит, е еден од најпосетените споменици на светот. Во 2007 година бил сврстен меѓу новите седум светски чуда.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1