Поранешниот член на фудбалската репрезентација на Југославија, Миљан Мрдаковиќ (38), се самоубил во изнајмен стан во Белград, каде живеел со неговата девојка.
Според весникот „Курир“, седнал на креветот, рекол дека „не може повеќе“ и го зел пиштолот.
Неговата девојка веднаш повикала полиција која го пронашла телото на славниот фудбалер со прострелна рана на главата.
Мрдаковиќ играше на позицијата напаѓач, роден во Ниш, после првите чекори во Раднички, помина три години во младинските категории на Партизан, од каде се пресели во Андерлехт.
Во својата професионална клупска кариера настапуваше беше дел уште од ОФК Београд, Австрија Салцбург, Макаби Тел Авив, АЕК Ларнака, Шендонг Луненг..
Ги бранеше боите на српската фудбалска репрезентација со учество на Летните олимписки игри во 2008 година.