Се самоуби позната манекенка и водителка – боледувала од депресија


Познатата австралиска ТВ ѕвезда и поранешна манекенка Шарлот Досон е пронајдена мртва во саботата наутро во нејзиниот стан во Сиднеј.
Весникот „The Sunday Telegraph“ објави дека Шарлот била пронајдена обесена.

charlotte_dawson_face_400x300Шарлот Досон  и во 2012 направи обид за самоубиство со големо количество таблети и вино, а на твитер напиша : победивте!

Обидот за самоубиство следеше по долгата кампања на навреди и малтретирање на Шарлот преку социјалните мрежи.

Од тогаш таа почна сопствена кампања против интернет малтретирањето,а минатата година беше прогласена на амбасадор против насилството.

Во својата автобиографија “Air Kiss & Tell”  објавена во 2012, Шарлот открива дека често пати боледувала од депресија.

Според полицијата во врска со смртта на Шарлот „нема сомнителни околности“, што е фраза која значи дека нејзината смрт се води како самоубиство.

Шарлот Досон имаше 47 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1