Се самозапали познат адвокат, оставил проштално писмо


Причина за самоубиството е укажување на глобалното затоплување, пренесуваат американските медиуми. Повикувајќи се на полициски извори, Њујорк тајмс пренесе дека 60-годишниот Бакл се убил со самозапалување во парк во Бруклин, и дека пред самоубиството испратил проштално писмо до неколку адреси на државните медиуми.

„Загадувањето ја уништува нашата планета и се шири преку воздухот, земјата и водата“, објавен е дел од прошталното писмо, во кое се наведува дека луѓето вдишуваат воздух загаден од фосилните горива и дека прерано ќе умрат. Бакл додаде дека неговата прерана смрт сведочи за она што му се случува на човековиот вид.

„Се убив со оган во знак на протест,“ пишува Бакл во прошталното писмо. Овој адвокат се прослави со случајот на Брендон Тин, мажот транссексуалец убиен во 1993 година во Небраска. Според тој случај во 1999 година е снимен филмот „Момчињата не плачат“ за кој Хилари Свонк доби Оскар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1