Се сетил кој е по 30 години а сите мислеле дека е мртов


Маж од Канада кој исчезнал пред 30 години се сетил на својот идентитет и повторно ќе биде споен со своето семејство, наведуваат канадските медиуми, пренесува „Би-би-си“.

Screenshot_131Едгар Латулип имал 21 година кога исчезнал од дом за ментално болни во Онтарио. Влегол во автобус, но набрзо доживеал повреда на главата за која од полицијата веруваат дека е причина за губење на помнењето.

Како што се наведува во медиумите, тој со децении живеел во Нијагара под различен идентитет, по што почнал да доживува „флешбекови“,

Тој и кажал на социјалната работничка која го проверила името Латулип и открила дека тој е дел од истрагата за исчезнатите лица. Со ДНК тест бил потврден неговиот идентитет.

Мајката на Латулип, Силвија Вилсон изјавила дека била шокирана од овие вести.

Се истакнува дека тој има ментална старост на момче од 12 години, а неговата мајка вели дека имал тежок однос со својот најстар син, но дека сака да зборува со него и да му помогне колку што може.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1