Се шират кожни и цревни зарази во поплавените подрачја


Купиштата ѓубре, мочуриштата, калта како последица од катастрофалното невреме почнаа да го земаат данокот по здравјето. Цревни и кожзни заразни заболувања регистрирани кај десетина жители во Стајковци. Најголем број од нив се деца. Заболени биле пријавени и во Смилковци објави порталот „Здравство24“POPLAVA VODA NOZE COVEK

-Имаме веќе четири деца кои ги хоспитализиравме на инфективна. Има и со кожни заболувања и тоа што вчера викаа дека е алергија не е …тоа се бактериски инфекции, вели др. Ангела Мими Христов од Клиниката за Детски болести

Мора да спречиме да дојде до епидемии на заразни болести. Ова е главниот фокус на здравствените власти кои постојано се на терен во поплавените региони. Одат од куќа до куќа и ги советуваат граѓаните како да го сочуваат здравјето. Сител го сретна тимот од Комисијата за заразни болести. Од жител на Стајковци итно побараа да оди во пунктот за медицинска помош. Има отворена рана која може да прерасне во голем здравствен проблем.

-Видете, мора да одите, ова е од чизмите ама сега е во контакт со калта која е контаминирана и може да биде сериозно…Знам, но немам време да отидам, гужва е а мора да с ечисти…

Додека медицинските екипи се координираа кој каде да оди, пред пунктот дојде вработен во Елем кој работејќи стапнал на шајка. Веднаш беше транспортиран на Инфективна за да прими вакцини против тетанус. изминатиот период 30-тина жители од овие региони примиле вакви вакцини.

-Имам лична карта, не ме боли ама не сум примал таква вакцина…

Од денеска од куќа во куќа каде што има хронично болни одат тимови од патронажни сестри. Им ја носат неопходната терапија која им била поплавена. Министерот за здравство вели дека преку Мој Термин ја добиле бројката на хронично болните.

-Ја следиме здравствената состојба. Овде има секакви екипи од здравствен аспект. И итна помош се тука постојано со своите возила, вели Никола Тодоров министер за здравство

На влезот во Стајковци е и пунктот на Брза Помош. Постојано имаат жители од селото кои бараат здравствена помош. Денеска во болница однеле сдамо четворица.

-Доаѓаат поради крвниот притисок, или се во стресна состојба и бараат нашаљ помош, вели лекарот од Брза Помош.

Топлото време е дополнителен проблем за ширење на заразните болести. Епидемиолозите апелираат на одржување на личната хигиена. Засега добра околност за погодените жители е што водата за пиење е безбедна.

-Можат да ја пијат безбедна е, но мора да мијат раце, да не јадат контаминирана храна, вели Михаил Кочубовски од ИЈЗ

-Ова мочуриште е дополнителна можност за зарази и наездна од комарци. Покрај дезинфекција надлежните најавила и дезинсекција.

Од Министерството за здравство ќе побараат од Град Скопје дезинсекција на целиот регион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1