Се шират секти на Балкан: Србин член на секта поради ритуал го заклал најдобриот пријател


Триесет и седум годишниот Роберт Хеј од Бечеј, Србија ноќта помеѓу петокот и саботата го заклал неговиот најдобар пријател 50-годишниот Тибор.Л. Роберт е уапсен поради сомневање за извршено убиство со умисла.

robert500

– Злосторството се случило во куќата на Роберт во која тој живеел сам. Во кобната ноќ освен Роберт и Тибор заедно со нив имало уште тројца нивни пријатели, но тие си заминале порано по што Роберт и Тибор останале сами. Дошло до расправија помеѓу двајцата пријатели по што Роберт земал нож и буквално го залкал Тибор, изјавил извор од полицијата за српски Курир.

Според неофицијални информации Роберт е член на сатанистичка секта која обредите ги врши доцна навечер. Дека тој е припадник на сектата потврдува и неговиот Фејсбук профил, каде тој не крие дека е дел од сектата. Тој објавувал разни сатанистички симболи под кои напишал „Јас сум најзгодното зло кое гази по оваа земја“.

Добив нагон да убијам некого, знаев дека дојде ред да заколам човек, изјавил 37-годишниот Роберт Хеј, кој брутално го закла својот пријател 50-годишниот Тибор.Л.1satanistot500

Роберт признал дека е припадник на секта и дека порано извршувал ритуални убиства врз животни. Тој раскажал и дека изел една мачка која претходно ја заклал.

Како што пренесува српски Курир, Роберт освен што е секташ е и душевно болна личност и дека се лекувал долго време.

– Кај него нема знаци на каење за тоа што го направил. Ладнокравно рече дека оваа оваа година редно било да заколе човек и дека тоа требало да го направи на Ноќта на вештерките-31.октомври. Призна дека припаѓа на сатанистичка секта и дека обожува туѓа крв, изјавил извор од истрагата за српски Курир.

На убиството кое се случило во петокот вечерта му претходела и расправија помеѓу двајцата пријатели. Роберт без размислување му забил нож во вратот на Тибор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1