Се шири грипот во Македонија – За една недела 2.959 заболени


Во периодот од 18 до 24 февруари во Македонија регистрирани се 2.959 лица со симптоми на грип, што во однос на претходната недела е зголемување на бројот на заболени за 12,5 проценти.

A medical assistant holds up a H1N1 flu vaccine at a hospital in BelgradeВо истиот период минатата година, пак, како што соопшти денеска Институтот за јавно здравје, бројот на регистрирани заболени од грип е речиси петпати поголем.

Во однос на просечниот број на заболени за истата недела во изминатите 10 години (без пандемската 2009 година), кој изнесува 1.790, се бележи зголемување на регистрираните заболени лица за 65,3 проценти.

Вкупниот број на заболени од грип во Македонија од почетокот на сезоната 2012/2013 на 1 октомври 2012 година заклучно со 24 февруари, изнесува 13.687 лица. Регистрирани се четири смртни случаи асоцирани со грип, кај кои е докажано присуството на вирусот на инфлуенца.

Во споредба со истиот период од минатата година постои зголемување на вкупниот број на заболени за 3,7 пати, а во однос на просекот за истиот период во последните 10 години, со исклучок на пандемиската 2009 година, разликата во бројот на заболени е само 0,1 проценти во корист на оваа сезона.

Од вкупниот број на заболени во оваа сезона, 66 заболени лица или 0,5 проценти се регистрирани во октомври, 235 лица или 1,7 проценти се регистрирани во текот на ноември, 296 заболени или 2,2 проценти се пријавени во декември. Во текот на јануари се пријавени 5.067 заболени лица или 37 проценти од вкупниот број заболени, а во февруари бројот на заболени изнесува 8.023 и чини 58,6 проценти од вкупниот број на регистрирани случаи.

Најголем број и процент од заболените се пријавени во Скопје 2.345 или 17 проценти, потоа од Тетово 2.147 проценти, од Струмица 1.576 заболени лица или 12 проценти…..Најголем дел од заболените или 60,5 проценти се на возраст од 15-64 години.

Во посочениот период во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнати се и тестирани на грип вкупно 13 материјали од заболени лица сомнителни на грип, од кои девет односно 69,2 проценти се позитивни на вирусот на инфлуенца. Притоа, осум се позитивни на инфлуенца тип А, а еден примерок бил позитивен на инфлуенца тип Б.

Од субтипизираните изолати на инфлуенца А, четири се однесуваат на инфлуенца А/Х1Н1 пдм09, а само еден примерок е докажан како инфлуенца А/Х3Н2. Останатите три изолати не се субтипизирани.

Заклучно со осмата недела од 2013 година, само Берово нема пријавено заболени со симптоми на грип на својата територија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1