Се шири опасен вирус за кој не постои лек – умираат 90% од заразените


Светската здравствена организација повторно предупредила дека Западна Африка е зафатена од досега најсмртоносната епидемија на ебола, соопштувајќи дека бројот на жртви пораснал на 467, а заразени се уште 759 лица.

ebola-virus-03Станува збор за степен на смртност кој пораснал за 38 проценти од минатонеделниот извештај на СЗО за епидемијата од оваа смртоносна болест. Најтешко се погодени земјите од регионот – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, кои се вбројуваат во најсиромашните земји во светот, поради што експертите апелираат за итна помош од меѓународната заедница.

Денес во Гана, на дводневна конференција, ќе се соберат министрите за здравство од целиот западноафрикански регион, за да донесат одлука за “драстична акција” со која би се сопрело ширењето на болеста.

“Одлуката донесена на овој собир ќе биде од суштинско значење да се реши моменталната ситуација, како спречување на слични работи во иднина”, било наведено во соопштението на СЗО.

Од моментот на појавата на епидемијата во Гвинеја во јануари, СЗО пратила 150 експерти во регионот, но и покрај тој факт, дошло до “значителен пораст” во бројот на заболени и загинати, наведува таа организација.

ebolaОрганизацијата “Лекари без граници” минатата седмица предупредила дека ширењето на вирусот е “целосно надвор од контрола”. Исто така тие нагласиле дека епидемијата сигурно ќе се прошири во други земји.

Експертите сметаат дека болеста добила поголем замав бидејќи властите во април премногу рано ги намалиле мерките кои биле на сила поради спречување на ширењето на вирусот. Посебно е загрижувачки фактот што за прв пат оваа болест се проширила во густо населена област, како главниот град на Гвинеја, Конакрија.

Смртоносната ебола предизвикува дијареја и повраќање, слабеење на функцијата на бубрезите и црниот дроб, а може да предизвика и внатрешно крварење.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1