Се шири заразата со морбили, заразена и лаборантка од ИЈЗ која примила вакцина


Здравствен работник заболел од морбили. Минатата недела мали сипаници биле регистрирани кај лаборант од Институтот за јавно здравје. Според информации на Сител, најверојатно се заразил додека правел крвни анализи. Поминал со полесни сипмтоми бидејќи имал примено една доза од вакцината МРП. Како што дознаваме контрола имало на сите контакти со медицинското лице како и на вработените во ИЈЗ. Меѓу трите новооткриени случаи е прилепчанец кој во Скопје бил на привремена работа, како и жител на Сопиште. Според инфектолозите засега никој не е во тешка здравствена состојба.Од појавата на првите заболени кон крајот на семптември, кога беше прогласена и епидемија во Гази Баба, досега има 17 заболени а заразата е потврдена во неколку скопски општини. Епидемиолозите стравуваат од појава на нови случаи а ги плаши и состојбата на Косово каде има над 130 заразени, триесетина хоспитализирани и еден смртен случај.

За неполн месец во пунктовите за имунизација 8000 деца од кои 5000 се првоодделенци биле вакцинирани со МРП. Надлежните пронашле и околу 600 возрасни кои ја пропуштиле имунизација и ги вакцинирале со вакцината против морбили, рубеола и паротит.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1