Се смалуваме или се групираме? Македонија пред 5 века имала повеќе градови отколку денес


Пред повеќе од половина век познатиот белградски историчар на архитектурата Александар Дероко, инаку, родум од Скопје, напишал прва книга за средновековните градови во овој дел на Балканот. Во таа книга само три града од Македонија се застапени со планови и малку текст, заедно со Скопје на кој му посветил и посебен, богато илустриран труд, кој произлегол од обемните ископувања на скопското Kале во 1967 година. Пред тоа, во 1956 година Ѓ. Бошковиќ дал исцрпен приказ на Маркови кули во Варош – Прилеп, заедно со добра скица на крепоста, а седум години подоцна М. Јовановиќ објавува кус приказ на средновековните тврдини во Штип и во Струмица.

714B00A60FFC17409207CD734C9D5613Тргнувајќи од таквата состојба со истражувањето на овој период од историјата, екипи предводени од проф. д-р Иван Микулчиќ од 1971 до 1990 година направиле идентификации, премер и техничко снимање на уште десетина средновековни градови во Македонија, меѓу кои и на градовите Тиквеш, Луковица кај Kаменица, потоа Девол кај Раец, Велес, Чрешче, Просек, како и средновековниот Горни град во Скопје, заедно со Kожле, Собри и крепоста кај Малчиште – Маркова Сушица и други.

Средновековните пишани документи споменуваат цела низа вакви градови за кои денес често и не знаеме каде биле или како изгледале. Збунува и нивната бројност во споредба со денешните градови во Република Македонија. Имено, Средновековна Македонија имала неколкупати повеќе градови отколку што има денес на истата територија. Се разбира, она што предизвикува одредена љубопитност кај луѓето секако е прашањето што се случило со тие градови, бидејќи еден град не може туку така да исчезне – подвлекува Микулчиќ во своето истражување за македонските средновековни градови. Според него, одговорот лежи во фактот што средновековните градови најчесто биле мали крепости, а во текот на времето само некои од нив прераснале во гратчиња или во градови според денешното сфаќање на поимот град, односно градови со подградија во кои живее цивилно население.

– Во подградијата имало станбени и стопански градби, пазаришта, цркви и други објекти, што правело една крепост да биде град. Со истражувањето на остатоците од ваквите стари градови се доаѓа до скапоцени извори за проучување на историјата и другите феномени врзани за населението што живеело во нив. Според истражувањата направени досега, на просторот на денешна Република Македонија имало 27 центри на исто толку региони, кои по некое време биле заменувани со други центри. Така, крај Брегалница, наместо Равен израснал Мородвис, а во Полог наместо Градец и Лешок – ново средиште на регионот станал градот Собри. Во Мариово наместо Марихово – центар станал Чебрен, а во Тиквешијата наместо Девол кај Дреново, центар станал градот Тиквеш кај Ресава. Со такви преместувања и концентрација на населението, бројката на центри се свела од претходните 32 на 27 средишта. Инаку, идентификацијата на средновековните центри не беше тешка работа зашто во најголем број случаи на теренот на таквите центри лежат и денешните општински центри во Република Македонија. Притоа, секако, најголеми или најзначајни средновековни центри биле седиштата на епископите, а такви во тоа време биле Скопје, Битола, Охрид, Струмица и Мородвис. Веднаш по нив доаѓаат помалите утврдувања кои биле енориски центри, како што се Морихово, Велес, Прилеп, Kичево, Преспа. Лешок, Радовиш, Kонче, Просек и други. Во турско време некои од овие центри ќе бидат напуштени а наместо нив ќе се развијат нови како Струга, Дебар, Тетово, Kавадарци, Kуманово, Kратово, Kочани, Дојран и други. Секој град или гратче растел во поинакви услови и околности, здобивајќи се со определени специфичности кои им давале насоки за нивниот развој, изглед структура и убавина да се живее во нив, – подвлекува Микулчиќ.

Целата сторија на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1