Кабинетот на премиерот Никола Груевски по се изгледа ќе мора да помине низ реконструкција по изборите во март.
Ваков епилог ќе биде неминовен со оглед на тоа дека ДУИ ги пушти своите министри во изборната трка па доколку некој од нив освои градноачалнички мандат, нов кадар ќе мора да ја завземе неговата фотеља на Илидненска.
Веќе е познато декавицепремиерката Теута Арифи ќе ја бара довербата во Тетово. Арифи во градот кој во последните 4 години го раководи кадар на ДПА важи за почитувана жена, па шансите да ги врати интегративците на власт во албанскиот бастион се реални.
Пред тешка битка ќе биде министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во Гостивар каде ќе треба да му се спротивстави на актуелниот градоначални Руфи Османи. Сепак познавачите на ситуацијата коментираат дека Гостивар му е познат терен на Бејта, особено ако се знае дека токму тој го предводеше градот пред градоначалничката позицијата да ја освои Османи.
Засега во владејчаките партии не сакаат да коментираат за можниот епилог, особено не на повеќе од 3 месеци пред стартот на изборите.
Извор – Прес 24