Вечерва околу 22 часот се урна хеликоптер на периферијата во Струмица, недалеку од индустриската зона. Во градот се слушна силен татнеж, а кон небото се издигна чад.
Најверојатно станува збор за хеликоптер на МВР и за четири загинати лица. Според очевидци, хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. На периферијата од градот леталото најверојатно удрило врз висок предавател по што се урнало, јавува Телма.
Остатоци од хеликоптерот се расфрлан во дијаметар од над 50 метри. Опашот од леталото е цел, но кабината е целосно уништена и изгорена.
На местото на несреќата неофицијално се пронајдени две мртви тела на војници на АРМ. Хеликоптерот најверојатно при слетувањето удрил во антена од предавател и потоа паднал на земјата и експлодирал.
Огнот е угаснат, на местото на несреќата се наоѓаат бројни полициски, пожарникарски и медицински екипи. Увидот е во тек.