Во главниот град на Гана се срушиле три ката од трговски центар ,,Малком,,
Според првичните информации, засега има тројца починати и 200 затрупани луѓе, изјавил помошникот на управникот на полицијата Фримен Титеј.
Зградата од стакло била отворена во февруари оваа година и најверојатно причина се пропусти во изградбата. Трговскиот центар бил популарен и постојано полн со посетители.
Претседателот на Гана Џон Махама го прогласил местото на несреќата за зона на катастрофа и ја прекинал предизборната кампања како би го посетил местото на несреќата.