Најмалку 12 лица загинаа, а неколку десетини се повредени денеска при судар на два патнички воза во јужна Италија, јави ДПА.
Несреќата се случила меѓу местата Корато и Андрија, северно од градот Бари, во италијанската област Апулија.
На местото на сударот пристигнале поголем број амбулантни и полициски возила.
– Дошло до директен судар на двата воза. Некои вагони се целосно уништени – изјави шефот на локалната полиција Рикардо Цингаро.
Според Цингаро, спасувачките екипи работат на извлекување на патниците заглавени во вагоните.
Италијанската телевизија РАИ јави дека причните за несреќата засега не се познати.