Две девојчиња на возраст од 13 и 16 години се пријавени за исчезнати во полиција во текот на изминатиот ден.
Во СВР Струмица, В.Б. (39) од с. Баница пријавила дека вчера околу 07.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината тринаесетгодишна ќерка.
Ноќта, пак, во 04.20 часот во тетовската полиција од страна на С.Б. (46) од Тетово било пријавено дека во понеделникот, на 13 март, околу 18.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината шеснаесетгодишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.