Сите жители од улицата „Костадин Петровиќ“ во Сингелиќ се уште го бараат телото на шестгодишното момче кое водата го отргнала од рацете на баба му, пренесува ДНЕВНИК.
Се удавија двајцата. Бабата ја пронајдовме во каналот, удавена. По детето трагаме цела ноќ и денеска, вели Авди, 60- годишен маж од Сингелиќ, кој вели дека едвај се спасил.
Инаку, многу жители од Стајковци, Инџиково, Сингелиќ се сомневат дека некој им е загинат од семејството од невиденото невреме кое синоќа го зафати Скопје и околината. По исчезнатите се уште се трага. Сите се излези надвор од куќите, ги чистат подрумите и ги пребаруваат наносите, бидејќи се сомнаваат дека таму има жртви.
Соседите, повикувајќи се на полициски извори и на пожарникари, велат дека неофицијално дознале дека има најмалку 30 жртви, претежно стари лица и деца.
До овој момент, официјално од МВР има потврда за 20 жртви.