Од денеска се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје што беше воведен поради загадувањето на воздухот.
Како што рече вчера градоначалникот Петре Шилегов, веќе нема потреба од утврдените вонредни мерки. Нивната примена е прецизирана и повторно ќе стапат на сила ако условите тоа го наложат.
Мерката за бесплатен јавен превоз беше воведена завчера.