Се урива Акрополот во Атина


Грчки инженери предупредуваат дека атинскиот Акропол се руши, објавува британскиот „Тајмс“ повикувајќи се на текст на грчкиот весник „Етнос“.muskarac-iz-bih-ukrao-kamen-s-akropole-da-bi-kiselio-kupus-504x335-20120832-20120810153204-a48bc4bf894305bc4c9b4957e69d9983

Акрополот се урива и ќе биде потребна многу работа за да се реставрира, пишува британскиот весник повикувајќи се на тврдења на археолози од Грција.

Инженерите откриле дека дел од големата карпа, врз која се потпира објектот, почнала да попушта и итно е потребна санација. Советот за антички споменици утврдил нестабилност на теренот во поширок реон откако експерти го истражувале ронењето големи делови од карпата во текот на јануари годинава.

Британски „Тајмс“ цитира изјава на шефот на грчката дирекција за реставрација на спомениците од античкиот период, кој рекол дека ронењето на карпата и нестабилноста на реонот од јужната страна на Акрополот се предмет на истражувања на инженери, кои макотрпно се обидуваат да го решат проблемот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1