Се урива доградбата на „Мекиците од стража“ на улица Македонија


Овластениот градежен инспектор на општина Центар, постапувајќи по службена должност излезе на лице место и со записник констатираше дека инвеститорот на угостителски објект на улица Македонија, „Бистро Мекиците од стража“ , без одобрение за градење изградил доградба на локалот со димензии 14,00 x 6,00 м .
Овластениот градежен инспектор донесе решение дел од објектот кој е бесправно изграден да биде отстранет во рок од 3 дена, соопшти Општината.

Бидејќи инвеститорот не постапил по решението, општина Центар пристапи кон присилно извршување на решението и уривање на дивоградбата. Трошоците за извршување на решението ќе бидат надоместени од страна на инвеститорот .
Инвеститорот градел без одобрение за градење согласно член 134 од Законот за градење. Општина Центар внимателно го следи исполнувањето на законот за градење и нема да дозволи дивоградби на својата територија – стои во соопштението.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1