Се урна авионот со најскапиот играч во историјата на Кардиф


Авионот во кој се наоѓаше најскапиот играч на Кардиф во историјата на клубот, Емилиано Сала, се урна на летото меѓу Франција и Англија.

Сала стана најскапото засилување на Кардиф во историјата на клубот, бидејќи премина од Нант за 17 милиони евра.

Фудбалерот сакал да се поздрави со соиграчите, па отишол во Нант. Се стравува дека приватниот авион во кој бил се урнал. Потрагата по фудбалерот е во тек.

Аргентинецот беше најдобар играч на Нант. Постигна 13 голови од стартот на сезоната и го привлече вниманието на бројни клубови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1