Еден работник загинал, а еден е тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар, кога паднала настрешница која ја местеле денеска во 13.20 часот на улица „Војдан Чернодрински“ кај трговскиот центар Јета во Скопје.
Според првичните информации од МВР, 44-годишниот Ибраим Рама од повредите починал на самото место. Неговиот колега, 48-годишниот М.Р. се здобил со телесни повреди и поради серизноста на раните е префрлен во Ургентниот центар.