Седма жртва на грип сезонава – почина 65 год жена


Шеесет и петгодишна жена е седма жртва на грипoт сезонава. Како што информираат од Инфективната клиника кај починатата е потврдено присуство на вирусот од типот А (Х1Н1).

infektivna1Починатата со тешка билатерална бронхопневмонија, спаѓала во ризична група пациенти, со претходни срцеви заболувања и хипертензија. Била хоспитализирана на 21-ви овој месец, во тешка општа состојба со масивна бронхопневмонија и лекувана е во единицата за интензивна нега, каде биле преземени сите мерки за лекување критично болен пациент. Но и покрај преземените мерки за интензивно лекување, денеска состојбата и се влошила и констатирана е смрт.

На Инфективната клиника, дневно има околу сто амбулантски прегледи, а во моментов еден пациент е хоспитализиран на одделот за интензивно лекување.

Во последната недела, односно од 18 до 24 февруари е забележан зголемен број на заболени од грип. Регистрирани се 2.959 лица со симптоми на грип, што е зголемување од 12,5 проценти во оснос на претходната седмица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1