Четири ученици загинаа денеска во кинескиот град Лаохкоу во централната провинција Хубеј, при уривање на зграда на основно училиште.
Во несреќата има голем брпј ранети, кои се хоспитализирани.
Засега не се соопштуваат причините за инцидентот, кој се случи рано изутринава. Не е познато дали е урната целата зграда или само дел од неа.