Пет лица загинаа меѓу кои и две деца на школска возраст, додека четири лица се повредени, а една се води како исчезната откако се урнаа два ката од станбена зграда на југозападот од Полска, соопшти властите од таа земја.
Голем број пожарникари со кучиња ги пребаруваат урнатините во градот Свјебоѓице, а не е исклучена можноста причина за уривањето на двата ката од троспратната зграда да е предизвикано од експлозија на гас.
На местото на несреќата која се наоѓа на 420 километри југозападно од Варшава и премиерката на Полска Беата Шидло.
Гувернерот на таа област Богдан Козухович изјави дека таа зграда е изградена во периодот на Втората светска војна, неодамна е реновирана и дека била во добра техничка состојба.