Жителите на „Пластичарска улица“ од вчера ја блокираа улицата револтирани бидејќи останале без струја по дефектот кој избил во реонската трафостаница, јавува Сител.
Поради тоа денеска е блокиран надвозникот кај Бит Пазар и се создадоа огромни колони на возила кај Универзитетската библиотека и на улицата „Цветан Димов“ во Чаир.
Полицијата го пренасочува сообраќајот затворајќи ја улицата „Крсте Мисирков“ кон Бит Пазар и улицата „Цветан Димов“ пред џамијата Јаја Паша.