Се уште блокирана “Пластичарската” улица – хаос кон Бит Пазар


plasticarskaulica

Жителите на „Пластичарска улица“ од вчера ја блокираа улицата револтирани бидејќи останале без струја по дефектот кој избил во реонската трафостаница, јавува Сител.

Поради тоа денеска е блокиран надвозникот кај Бит Пазар и  се создадоа огромни колони на возила кај Универзитетската библиотека и на улицата „Цветан Димов“ во Чаир.

Полицијата го пренасочува сообраќајот затворајќи ја улицата „Крсте Мисирков“ кон Бит Пазар и улицата „Цветан Димов“ пред џамијата Јаја Паша.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1