Безживотно тело на непознато машко лице вчера било пронајдено во подземна вклучена 10КВ трафостаница на ЕВН Македонија лоцирана во непосредна близина на МОБ.
Починатото лице во полиција во пријавил вработен на ЕВН, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција, а се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот и за целосно расчистување на случајот.