Се уште не е утврден идентитетот на мажот пронајден мртов во трафостаница кај МОБ


Безживотно тело на непознато машко лице вчера било пронајдено во подземна вклучена 10КВ трафостаница на ЕВН Македонија лоцирана во непосредна близина на МОБ.lenta policija telo

Починатото лице во полиција во пријавил вработен на ЕВН, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција, а се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1