Се уште непозната причината за труењето на 439 гостиварци- се препорачува да не се пие водата


Здравствените власти испитуваат што е причината за труењето на повеќе од 400 гостиварци,кои изминативе 2-3 дена побарале лекарска помош.

Луѓето се жалеле на стомачни тегоби,температура, повраќање и дијареа.Повеќето од нив се веќе пуштени на домашно лекување, и нема некои посериозни комликации кај затруените.Според првичните анализи не се работи за труење со храна, бидејќи пациентите не јаделе од исто место.Анализите пак, направени од страна на Центарот за јавно здравје покажале исправност на водата.

Во гостиварската болница,пак, и покрај добиените негативни резулати,сепак, побарале дополнителни испитувања на водата, оти, се сомневаат дека тоа е изворот на труење.

Состојбата сеуште се испитува на терен.Денеска се земени нови мостри за дополнителни испитувања,а резултаите ќе бидат готови за неколку денови.Дотогаш превентивно, се препорачува да се пие флаширана вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1