Се уште се апси во акцијата на МВР за случајот „Машинопромет“ (Видео)


Се уште е во тек е акцијата на МВР, во која се приведуваат повеќе лица осомничени за кривичните дела „злупотреба на службената положба и овластување“ и „помагање“ за истото дело во случајот „Машинопромет“, изјави помошникот министер за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски.

pretsedavacЗа полицијата е се уште недостапен првоосомничениот Мирослав Шиповиќ, претседател на Управниот одбор на „Машинопромет“, кој ја извршува и функцијата претседател на Советот на општината Центар. Според извори од општината, Мирослав Шиповиќ моментално бил во посета кај неговиот син во Соединетите американски држави. Во полициската акција денеска бил уапсен и неговиот брат, сопственик на приватна фирма.

Приведените се на службен разговор во повеќе полициски станици.

Меѓу осомничените се неколку членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД „Машинопромет“:  Трпче Трпчевски, Стојан Момировски, Ванчо Димитровски, Вера Видинова, службени лица од Управата за јавни приходи, меѓу кои Елена Јанева Димова, Сузана Пашоска и Миле Клинчаров. Од фирмата „Интеркомерц“ и „Ин-ком“ од Штип приведени се Слободанчо Георгиев и Сузана Георгиева, од „Би- Метали“ – Штип Стојанчо Костадинов и од „Сиком“ – Скопје – Ненад Шиповиќ.

Дел од приведените се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, додека останатите лица за кои МВР има информации дека се инволвирани во случајот се товарат за помагање во врска со истото кривично дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1