Министерството за внатрешни работи се очекува во текот на денот да излезе со детални информации во врска со апсењето и екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осомничени како директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското езеро.
Косовската полиција го проверува идентитетот на двете лица уапсени синоќа околу 19 часот. Полицијата од Косово ја известила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека двајцата одговараат на описот од меѓународната потерница, но дека немале никакви документи за идентификација, пренесоа медиумите во Косово.
Засега нема информации дали полицијата ги привела по основ на меѓународната потерница или пак за некое друго дело извршено на косовска територија.
Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.
На 12. април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.
Dnevnik